Centar.mk
МАКЕДОНИЈАвест

Филипче: На гласачите ќе им понудам многу работа и транспарентност

„Јас на гласачите ќе им понудам многу работа, отвореност, транспарентност, чесност, ќе им понудам да бидам нивни вистински претставник во парламентот, да ги застапувам нивните интереси. Едноставно ќе го работам многу повеќе, тоа што сега го работам и до сега“ – истакна Венко Филипче, кандидат за пратеник и носител на листата во изборната единица 4 на СДСМ и коалицијата.
Тој во едночасовното интервју се осврна на начинот на кој планира да ја води кампања, на проектите кои ќе ги промовира во јавноста следниот период и на тоа што од него може да очекуваат граѓаните.
„Јас сум човек кој што е отворен, кој што секојаш сака да помогне, да им се најде на луѓето. Вака работев за време на мандатот во Министерството за Здравство, меѓутоа и пред мандатот. Едноставно сакам да пружам помош и сум спремен да пружам помош, на било каде и било кога, и на било кој на кој што тоа му е потребно. Секако, најмногу во делот на мојата струка, понатаму во Здраството, а и во другите сегменти таму каде што секако можам да помогнам“ – истакна Филипче.

Можеби ќе ве интересира

Ахмети ќе учествува на лидерската средба

ДЕСК

Сиљановска-Давкова прими претставници на Македонското здружение на млади правници (МЗМП) и на Центарот за еколошка демократија ФЛОРОЗОН

ДЕСК

НОВИ НАЈАВИ НА МЕТЕОРОЛОЗИТЕ: Повторно дожд, снег и пад на температурите – Метеоцентар со детална прогноза за следните 4 дена

ДЕСК