Centar.mk
МАКЕДОНИЈАвест

Бојмацалиев: НАТО е безбедност, а ЕУ е единина и финансиска помош

„За разлика од Украина кај нас е голема среќата од руско влијание бидејќи сме членка на НАТО, тоа се придобивките кога зборуваме и за ЕУ. НАТО е безбедност, а ЕУ е иднина и финансиска помош“ рече дополнителниот заменик министер за внатрешни работи Митко Бојмацалиев во утринската програма на Клан.

Тој додаде дека му е мило што сме членка на НАТО и што СДСМ успеа во тој процес и покрај сите опструкции.

„Да не се навраќаме назад кој давал поддршка кој не давал, кој гласал, а кој не гласал, тоа граѓаните го знаат и помина и сега треба да сме фокусирани на иднината. Надворешните влијанија не се само руски има и други влијанија, но се исклучиво преку лажни вести и пропаганда“ рече Бојмацалиев.

Тој додаде дека мора силно да се бориме во таа хибридна војна за да излеземе на прав пат.

„Мило ми е што граѓаните конечно разликуваат што е лажна вест, што е вистинска вест. Има телевизии како вашата кои ја работат професионално работата, но има и новинари кои за 10 долари купуваат сајт и шират лажни вести. За жал го има и тоа“ рече Бојмацалиев.

Можеби ќе ве интересира

ВМРО ДПМНЕ: Ако СДС се сомнева за некаков вид на криминал или корупција нека се јават на нивните судии и обвинители, тие веднаш ќе им помогнат, ако нема да се извинат за ширење на манипулации и невистини

ДЕСК

Средба на министерот Сали со Амбасадорот на Кралството Шведска, Солстром

ДЕСК

Не сакаат опозиција во министерствата за да не се види криминалот и корупцијата, вели Димитријевиќ

ДЕСК