Centar.mk
вестМАКЕДОНИЈА

СДСМ: Нема промени во ДПМНЕ, фалсификуваа анкети -се обидоа да фалсификуваат и потписи за Силјановска

-Во ДПМНЕ ништо не е променето. И понатаму само шири лаги и невистини. Како што ги фалсификуваа анкетите, така се обидоа да фалсификуваат и потписи за нивната кандидатка. И тоа е истата партија која без срам излезе пред пред граѓаните за да ги лаже дека имале собрано потписи за нивната кандидатка Гордана Силјановска, соопшти СДСМ.

„Од Белата палата наголемо фрчеа пресконференции на кои се кажуваше дека за неколку часа ги собрале потписите, за на крај сами да се фатат во сопствените лаги.

ДПМНЕ нема собрани валидни потписи за Силјановска и кандидатурата ја поднесе со 40 тина потписи од пратеници.

Како што ги лажираа и фалсификуваа анкетите така се обидоа и да фалсификуваат потписи.

Ништо не е променето во ВМРО-ДПМНЕ, тоа е истата партија која не може да донесе никаква промена. Хаосот во Скопје е најголема потврда за тоа.“ – се вели во соопштението.

Можеби ќе ве интересира

Смени и освежување во ВМРО ДПМНЕ: Избрани 30 нови претседатели на општински комитети, познати се имињата

ДЕСК

Нова ера за македонското здравство: Три клинички болници и здравствен комплекс вреден 1,5 милијарди евра

ДЕСК

Покачување на 50 отсто на пензиите ако дојде СДСМ на власт – најави Тренчевска

ДЕСК