20.8 C
Скопје
20. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
+МАКЕДОНИЈА

Претседатели на партии, претседател на Собрание, министри, младински активисти и експерти на листите на СДСМ

СДСМ вчера ги повтди кандидатските листи за пратеници за престојните парламентарни избори, а на листата се наоѓаат искусни и докажани политичари, кои знаат и работат Македонија да стане членка на ЕУ, како и млади активисти и кадри кои сакаат својата иднина да ја градат во Европска Македонија.

Претседателот на партијата, Димитар Ковачевски ќе ја предводи листата во Изборната единица 1, каде коносителка е претседателката на коалициониот партнер на СДСМ, ЛДП, Моника Зајкова.

Освен нив, на листата на кандидати за пратеници во оваа изборна единица се и вицепремиерот за европски интеграции, Бојан Маричиќ, како и пратеникот и портпарол на СДСМ, Дарко Каевски.

Во ИЕ2, листата ја предводат Оливер Спасовски и Фатмир Битиќи, а по нив следуваат и пратеничката Санела Шкриељ, пратеникот Мартин Костовски, како и претседателот на Социјалдемократската младина, Марко Михаиловски.

Во „тројката“, листата ја предводат Сања Лукаревска и Љупчо Николовски, пред претседателот на НСДП, Горан Мисовски и министерот за транспорт и врски Благој Бочварски.

Во Изборната единица 4, носител е поранешниот министер за здравство Венко Филипче, а коносителка на листата е министерката за труд и социјална политика, Јованка Тренечвска. Во ИЕ5, листата ја води претседателот на Собранието на Република Северна Македонија, Јован Митрески, додека коносителка е министерката за култура, Бисера Костадиновска-Стојчевска.

Во „шестката“, носителка е министерката за одбрана и претседавачката со Централниот одбор на СДСМ, Славјанка Петровска, додека коносител е младиот Аргон Демири.

Носителите и коносителите на изборните листи добија силни овации и поддршка од сите делегати, но најсилни беа овациите за претседателот Димитар Ковачевски и ексминистерот за здравство, Венко Филипче, што само покажува дека во СДСМ нема некакви табори и фракции, туку сите работат со единствена цел.

Поддршка за изборните листи на СДСМ и коалицијата, освен 12те носители и коносители дадоа и тие кои се наоѓаат подолу на листите, но повикуваат на силна борба до последен ден во кампањата и победа на 8 мај.

Лисите за пратеници на СДСМ, повтрно изобилуваат со искусен кадар, кој знае како се води држава на европскиот пат, но и со млади сили кои сакаат да останат да живеат дома, но во европска држава, а не изолирани. Поради тоа, една третина од 120те предложени кандидати за пратеници се млади.