18. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
.МАКЕДОНИЈА

Ковачевски: Во наредните четири години просечната плата ќе достигне рекордни 1.100 евра, а минималната плата ќе изнесува 600 евра

Претседателот на СДСМ Димитар Ковачевски го објави планот на СДСМ за европска иднина на Македонија на својот профилот на Фејсбук.

Тој додаде дека на 28 Конгрес на СДСМ ги презентирал основните постулати на победничката изборна програма:

„ЕВРОПСКИ ПЛАТИ И ЖИВОТЕН СТАНДАРД!
Во наредните четири години просечната плата ќе достигне рекордни 1.100 евра, а минималната плата ќе изнесува 600 евра.
ДОСТОИНСТВЕН ЖИВОТ ЗА ПЕНЗИОНЕРИТЕ!
Во 2028 година минималната пензија ќе биде 20.000 денари, а просечната пензија 30.000 денари. Плус, од оваа година, па секоја наредна ќе има новогодишен пакет од 100 евра за секој пензионер во државата.
ПОДДРШКА ЗА МЛАДИТЕ!
Новата влада на СДСМ ќе обезбеди по 200 евра месечно во првите 12 месеци за секое прво вработување на лица до 26 години.
СИЛНА ДОМАШНА ЕКОНОМИЈА!
180 милиони евра директна финансиска поддршка на домашните компании за инвестиции во производство. Поттик на економскиот раст, предвидуваме 3,5 милијарди евра јавни капитални инвестиции.
МОДЕРНА ЕВРОПСКА ИНФРАСТРУКТУРА!
Во наредните четири години ќе инвестираме 2,7 милијарди евра во инфраструктурни проекти. Тоа се 194 километри изградени автопатишта до 2028 година и реконструирани 950 километри патишта.
ЕВРОПСКО ЗЕМЈОДЕЛСТВО!
Обезбедуваме уште поголеми субвенции и поддршка за нашите земјоделци од 750 милиони евра! До 2028 година проектираме Македонија повеќе да извезува отколку што увезува храна. Извозот на земјоделски производи ќе биде 1,25 милијарди евра!
ЕВРОПСКО ОБРАЗОВАНИЕ!
Гарантираме безбедност и сигурност за учениците. Еден од проектите е бесплатен топол оброк за учениците во основните и средните училишта. Бесплатен јавен превоз за сите ученици и студенти. Децата се нашата иднина!
ЧИСТА ЕНЕРГИЈА И ПОЕВТИНА СТРУЈА!
Предвидуваме зголемување на вкупното домашно производство на енергија за најмалку 70% до 2028 во однос на 2019 година.
Енергетска независност и самостојност со која ќе ги задоволуваме 100% од сопствените потреби. Проширувањето на домашните енергетски капацитети ќе влијае на намалување на цените на струјата.
ПОВЕЌЕ ЕУ ФОНДОВИ ЗА МАКЕДОНСКАТА ЕКОНОМИЈА!
Со отворање на поглавјата ќе обезбедиме дополнителни фондови за посилна македонска економија и за повеќе знаења и стручност.
Вложуваме повеќе домашни и европски фондови за градење инфраструктура, за реновирања јавни објекти, за модернизирање на училиштата, за обуки за наставниците и младите. Уште повеќе фондови за обука и пракса за подготовка на младите за добро платени работни места по стандарди на ЕУ.
ЗАЕДНО ВО ЕВРОПА!
Завршување на преговорите со ЕУ до 2028 година и членство до 2030 година.
Нема откажување од иднината!“ вели Ковачевски во објавата.