Centar.mk
МАКЕДОНИЈАвест

Земјава од 118 место во 2013, на 84 место на Глобалниот индекс на среќата

Вчера, на 20 март – Меѓународниот ден на среќата беше објавен Глобалниот идндекс на среќата, на кој Северна Македонија се најде на 84 местото, што е напредок од три места во однос на минатата година.

Во 2013 година, земјава се наоѓаше на 118 позиција на Глобалниот индекс со оценка од 4574, што значи за 11 години земјава бележи раст од 34 места и подобрување на оценката од 795, на сегашните 5369.

Северна Македонија се уште котира ниско на Глобалниот индекс, но забележлив е постојан напредок и доближување, па дури и престигнување на некои земји од регионот.

Можеби ќе ве интересира

(Видео) Не гледам потреба за одржување на предвремени парламентарни избори, вели премиерот Мицкоски

C +

Уништени над 1 тон небезбедна храна од продавниците за здрава храна

C +

Филипче: Единствениот булинг на македонскиот народ му го прават ВМРО-ОКГ и Мицкоски

C +