Centar.mk
фото Centar.mk
МАКЕДОНИЈАвест

СДСМ: Ковачки одбиен од НАТО, кадрите на Мицкоски кои се против ЕУ и НАТО се безбедносна закана

-Кадрите на Мицкоски не ги исполнуваат критериумите на НАТО и Европската унија, велат од СДСМ.

„Пратеникот од ДПМНЕ и носител на изборната листа во третата изборна единица, Драган Ковачки, како што објавија медиумите, бил одбиен од НАТО за добивање на безбедносен сертификат.

Прашањето е зошто Ковачки не ги исполнува стандардите за добивање на таков сертификат.

Дали Ковачки издавал државни и воени тајни, дали бил шпион против државата, за чии странски интереси работи, треба да одговорат Мицкоски и ДПМНЕ.

Ковачки е дезертер од Армијата кој армискиот чин го смени за партиски, за да му служи на Мицкоски како пратеник. Познат е по ширењето лаги и дезинформации во континуитет, но и како поддржувач на политиките на ДПМНЕ за изолација, против ЕУ и против НАТО.

Ова е уште една потврда дека со ДПМНЕ е можна само изолација, но и дека кадрите на Мицкоски се безбедносна опасност, тие се анти ЕУ и анти НАТО структури.“ – се вели во денешното соопштение на СДСМ.

Можеби ќе ве интересира

Македонија успешно евакуираше 380 свои и 78 странски државјани, вели Муцунски

C +

Мицкоски порача дека една година по трагедијата во Кочани, институциите се способни да учат од трагедиите

C +

Ние денеска се бориме за вашите плати, а што ќе правите вие?, праша Трендафилов

C +