26. август 2025
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈАвест

СДСМ: ДПМНЕ излажа за потписите за Силјановска, немаат поддршка од граѓаните

-ДПМНЕ не успеа да собере валидни, законски потписи за својата кандидатка за претседателка, Гордана Силјановска Давкова и кандидатурата во ДИК ја поднесе со потписи на пратеници, а не со потписи од граѓани, соопшти СДСМ.

„ДПМНЕ излажа за потписите на Силјановска, ниту ДПМНЕ, ниту Гордана Силјановска немаат поддршка од граѓаните.

Граѓаните не сакаат враќање назад и изолација, не се спремни да поддржат антиевропски политичари.

На граѓаните не им треба претседател кој ќе биде продолжена рака на Белата палата, партиски послушник, на граѓаните не им треба реприза на Иванов.

На граѓаните не им треба уште една катастрофа како во Скопје. Ниту ДПМНЕ, ниту Силјановска не можат да донесат промени на подобро.

Затоа, граѓаните на изборите ќе изберат европска иднина со СДСМ и Стево Пендаровски.“ – се вели во соопштението.

Можеби ќе ве интересира

Реакција од Министерството за одбрана на соопштението од политичката партија СДСМ

ДЕСК

Народот денес е побогат од времето на СДСМ, тврди ВМРО ДПМНЕ

ДЕСК

До петок сончево, од сабота невреме – Метеоцентар со четиридневна прогноза

ДЕСК