Centar.mk
ЛОКАЛНОвест

Соопштение за јавност: Одбележан Меѓународниот ден на среќата

По повод Меѓународниот ден на среќата, градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска заедно со учениците од 23 градските средни училишта го организираа денешниот настан на плоштад Македонија, каде креативните скопски средношколци на случајните минувачи им подаруваа скромни рачно изработени подароци за инспирација, среќни и радосни мигови, истакнувајќи го значењето на овој меѓународен ден кој ја промовира среќата, радоста и благосостојбата.

Во изработката на подароците учествуваа ученици од 23-те средни училишта на Град Скопје, кои истовремено со иновативни креации ги украсија и дрвените куќарки на плоштадот. За позитивната атмосфера на денешниот настан се погрижија училишните бендови од скопските средни училишта „Здравко Цветковски“ и „Раде Јовчевски Корчагин“.

Можеби ќе ве интересира

Герасимовски: Два нови ДУП-а за Калето и опфатот околу Француските гробишта, повеќе зеленило, спортски објект и уреден простор

C +

Започна реализацијата на проектот за темелно чистење и уредување на коритото на реката Серава, како и изградба на нова пешачка патека во општина Бутел

ДЕСК

Валбон Лимани го промовираше почетокот на работите на две улици

ДЕСК