Почина Емет Бергин, ѕвездата од познатата серија „Гленро“.
Емет го играше Дик Моран во споменатата серија, а тој беше еден од само четворицата актери кои играа во оваа продукција од првата до последната сезона, односно од септември 1983 до мај 2001 година.
„Ја споделувам тажната вест за смртта на мојот брат Емет, кој беше инспирација и голем човек. Те сакам, Емет. Почивај во мир“, напиша на Фејсбук неговиот брат, исто така актер, Патрик Бергин.
Медиумите објавија дека Емет ненадејно починал во петокот на 15 март. Зад себе ги остави сопругата Сара и децата Гаван и Тара.