24. август 2025
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈАвест

Ковачевски: СДСМ има визија за Северна Македонија како земја членка на ЕУ со европски стандард и европско право

Ние како политичка партија имаме многу јасна визија дека сакаме да ја видиме Северна Македонија како земја членка на ЕУ, рече претседателот на СДСМ, Димитар Ковачевски во интервју за Алсат М Телевизија.

-Тоа не само како остварување на сон за европска Македонија туку како остварување на стремежот за држава во која доаѓаат европски правила за владеење на право, европски правила на демократија, на слобода на медиумите што и го направивме. Европски животен стандард, европски плати. Тоа е целта за која се залага СДСМ, рече Ковачевски.

Убеден сум дека граѓаните знаат да ценат тоа што го направивме, во изминатите 2 години во мојот мандат, но и во претходните 5 години во мандатот на моите претходници којшто веќе кажав ние остваривме една голема стратешка цел членство во НАТО и започнавме со реализација на втората стратешка цел, членство во ЕУ, додаде тој.

-По 17 години чекање го започнавме исполнувањето на втората стратешка цел зачленувањето во ЕУ. Го заштитивме македонскиот јазик, македонскиот идентитет и македонската култура и ги промовиравме на европско ниво. Бидејќи вие бевме сведоци како медиуми и целата јавност дека засветеа во 2022 преговарачките кабини со македонски јазик во Брисел, се преведува целото законодавство на македонски јазик, рече Ковачевски во интервјуто за Алсат М телевизија.

Можеби ќе ве интересира

Полицијата во Скопје го пронајде одземеното девојче од Охрид

ДЕСК

Времето се менува: Синоптичарите излегоа со детална четиридневна прогноза

ДЕСК

Мицкоски тврди дека нивните градоначалници изградиле и реконструирале 770 километри патишта, но и 70 градинки и 274 спортски сали

ДЕСК