25. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
.МАКЕДОНИЈА

Чупеска:„Чистата нација” другачиња, не е морална позиција, како што и гасната комора не е тоа

Моралните позиции се градат врз етичките консидерации, а овие пак се научно-логички категории и тука нема простор за релативност, етиката е цела наука и не е приватна импресија, пишува универзитетската професорка Ана Чупеска во колумната за Либертас, обраќајки се кон оние за кои таа смета дека во овој историски период немаат морални позиции.

“Чистата нација” другачиња, не е морална позиција! Исто како што гасната комора не е тоа! Импресиите ги претворивте во политика, без трошка морална одговорност. Срамота и греота! И самоубиствено, пред се. Се знае точно што е добро, а што е зло! Со други зборови, хорот од камењата што клечи во лимени конзерви, и што нит-смрди-нит-мирише, ниту разбира, ниту го интересират комплексностите на социополтичкиот контекст. Својата “божемна” морална позиција ја гради исклучиво од себе-центричното и пред се анксиозно непосредно искуство страв, омраза, етноцентро статус кво), и тука нема трошка морал. Тука има само самоодбранбени заблуди. Таквата позиција консеквентно, не може никако да биде оправдана (морално/етички) туку може да биде само себезалажувачка ! Но со трајни последици по животот (дури и нивниот)“ пишува Чупеска.

Чупеска во својата колумна наведува дека е невозможно да се дојде до консензус помеѓу оние кои се борат против моралноста и оние кои се борат за опстојување на хуманизмот.

„Судирот против моралноста видливо го доби својот политички рефлекс преку МПЦ, дел од МАНУ, доминатните во ВМРО, ЛЕВИЦА пер се, РОДИНА МАКЕДОНИЈА, ДЕСНА – убијците, и други слични патриотски купусни лисја. Ние останатите, што веруваме во хуманизмот и се бориме за негово опстојување, сега фактички сме принудени да ја третираме како релевантна таа аморалност! Каков парадокс. И покрај тоа што кај неа отсуствува морална робусност.

Ми се чини дека консензусот не успеа, токму, од една ваква подлабока причина: неможноста да се помешаат маслото со водата, напр. “Помирувањето” ќе има(ше) цврсто тло само доколку фундаменталните морални категории беа разбрани барем слично: демократијата, уставот, мирот, соживотот. Но, тоа не е така затоа што скаменетиве хорости од лимените конзерви не ја капираат стварноста. Тие, не прифаќаат дека времињата се поинакви од оние од каменото доба и имаат свои специфични предизвици, и дека за тие предизвици мора да се донесуваат одлуки- макар и тешки! Па и една амеба има повеќе желба за адаптација кон животните околности, за разлика од лимената конзервата, која останува така заборавена и ветвее со текот на времето. Сепак, како што вели Грифин, никој од нас не може да избега од моралните дилеми на своето време! Значи, нема каде да бегате, жалам. Иако сте во конзервите и тие ќе ви дотраат па ќе мора да се соочите со реалноста и да одговорите на клучните прашања врзани за опстанокот на Македонија во доба на рапидни цивилизациски промени“ истакнува Чупеска.