Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

ВМРО-ДПМНЕ: Црната листа на САД е удар за СДС, Јанева ја користеа за реваншизам против неистомислениците, а Јакимовски за пресметка со ВМРО-ДПМНЕ

Железната тупаница на СДС со која се фалеа дека ќе донесе правда, Катица Јанева денеска е прогласена за непожелна личност во САД, поради криминал и корупција.

Јанева која за СДС беше синоним за правда, од денеска се наоѓа на црната листа на нашиот стратешки партнер САД, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

СДС, додаваат тие, даваше најголема поддршка на СЈО и Јанева, злоупотребувајќи го судството и обвинителството за пресметка со неистомисленици.

„Каде им се сега маичките со ликот на Јанева на функционерите од СДС денеска кога истата беше прогласена за непожелна личност на САД?

Воедно, и градоначалникот на Карпош Стевчо Јакимовски кој излезе од коалиција со ВМРО-ДПМНЕ, а направи неформална коалиција со СДС и Ковачевски, од денеска се наоѓа на црната листа на САД.

На СДС и Ковачевски устите им се полни со прозападни вредности, со проевропски фронт, а всушност се во коалиција со луѓе криминализирани до гуша.

Ковачевски само со такви корумпирани лица може да биде во коалиција“, се истакнува во нивното соопштение.

Ставањето на црната листа на Јанева и Јакимовски и нивните смејства го потврдува, како што велат, она кое што ВМРО-ДПМНЕ изминатите 7 години јавно го говори, а тоа е дека институциите во Македонија наместо да функционираат во интерес на граѓаните, тие ги штитат криминалците.

„Ставањето на црната листа на поранешната обвинителка Катица Јанева и Стевчо Јакимовски од ГРОМ покажува дека корупцијата цвета во Македонија. На државата и е потребен целосен рестарт“, потенцираат од партијата на Мицкоски.

Можеби ќе ве интересира

Во месец јануари 15.943 сообраќајни прекршоци, лишени од слобода 74 лица за безобѕирно управување на возило согласно член 297-а од Кривичниот законик

ДЕСК

Димитријевиќ: Криминални тендери и дрога од 5 тони, Македонија како мафијашки филм

ДЕСК

Мицкоски: Повеќе од 50 предмети за висока корупција кои со години биле затскриени се во постапка, ова е само почеток, украденото мора да се врати кај народот

ДЕСК