Centar.mk
МАКЕДОНИЈАвест

Костадиновска-Стојчевска: Од 18 години чекање преговори со ЕУ, ВМРО-ДПМНЕ 11 години имаше апслутна власт

„18 години чекавме да ги започнеме преговорите со ЕУ и 11 години одредена политичка гарнитура имаше апсолутна власт. Имаа неколку пати можност тоа да го направат, но одбраа да не направат и да не држат во страшна изолација. Тоа не беше за доброто на државата, туку за поединци. Тоа се правеше само заради тоа што на поединци им одговараше богатењето“ рече министерката за култура, Бисера Костадиновска-Стојчевска во емисијата „Актуел“ на Тера.

Таа додаде дека за опозицијата е предавство што СДСМ вети плата од 500 евра, а пред истекот на мандатот таа е над 600 евра и предавство е што минималната палта е над 22 илајди и има законско решение за и понатаму да расте, а тие ја држеа на девет илајди денари.

„Ветуваа поголеми пензии и самите си се демантираа, но тоа не е ништо ново. Секоја одлука им е демантирана, дали од меѓународната заедница или од самите себе“ рече Костадиновска-Стојчевска.

Министерката додаде дека за опозициската ВМРО-ДПМНЕ предавство е заштитата на македонскиот јазик, култура и идентитет во сите можни меѓународни договори.

Можеби ќе ве интересира

Лишени од слобода осум возачи за безобѕирно управување возило, од нив еден без дозвола управувал возило кое го украл, а еден управувал трактор под дејство на алкохол, предизвикал сообраќајна незгода и го напуштил местото

ДЕСК

Пронајден возачот кои удри во малолетничка и избега, следува кривична пријава

ДЕСК

Вечерва слаб снег вее на овој патен правец, каква е состојбата на патиштата?

ДЕСК