Centar.mk
вестМАКЕДОНИЈА

Костадиновска-Стојчевска: Не би сакала да сум дел од партија на претседател од кого меѓународната заедница не би купила ни кола

„Секоја одлука на опозицијата им е демантирана, дали е тоа од меѓународната заедница или самите себе се демантираат. За мене како потпретседател на најголемата политичка партија, да каже некој дека на мојот претседател нема да му верува ни кола да му купи, ќе се запрашавме дали треба да бидеме дел од таа политичка гарнитура“ рече министерката за култура, Бисера Костадиновска-Стојчевска во емисијата „Актуел“ на Тера.

Таа додаде дека додека СДСМ успеа да изработи Северна Македонија да стане членка на НАТО и да ги откочи преговорите со ЕУ, ВМРО-ДПМНЕ има наратив кој ќе не однесе во вртлог без понудени решенија.

„Како што кажав итие самите се демантирани и не знам каде е предавството на СДСМ, кога СДСМ секогаш мора да ги носи тешките одлуки, на сметка на рејтингот. Но се покажало дека тие одлуки биле исправни“ рече Костадиновска-Стојчевска.

Можеби ќе ве интересира

НАД 467 МИЛИОНИ ДЕНАРИ ЗА ПОРОДИЛНО ВО ОКТОМВРИ – ФЗО ги објави исплатите за последните четири месеци

ДЕСК

МАКЕДОНИЈА ПОД ОБЛАЦИ И ДОЖД – Еве какво време нè очекува денеска, 3 ноември

ДЕСК

ПОЧИНА САМКА ИБРАИМОВСКИ – Поранешниот пратеник и министер имаше 72 години

ДЕСК