Centar.mk
МАКЕДОНИЈАвест

Костадиновска-Стојчевска: Објектот Парк е во многу незавидна состојба и заслужува, заедно со офицерскиот дом да се реконструира

„Објектот Парк е во многу незавидна состојба и заслужува, заедно со офицерскиот дом да се реконструира. Кога општината аплицираше со приближно милион евра на вкупна вредност, целта на тие капитални дотации е да се додали сума на пари кои општината ќе ги искористи во една календарска година. Тој повик беше во февруари, до 20 декември кога ние ги затваравме тие пари треба да се искористат. Тие пари се исплаќаат по однос на времени ситуации. Општина Битола по добивањето на одобрувањето пред да промени одлука требаше да го промени планот за јавни набавки. Проблемот со проектот Smart for you too настана кога беше потпишан анекс на договор. Некој којшто добро ја познава општината и секретарот на Општина Битола знаат дека за секоја одлука каде што треба да се потпише градоначалникот тој мора да има одобрение од советниците. Токму затоа чекавме да заврши процесот на преземање на правата за реконструкција на Универзална сала затоа што ги чекавме советниците да ја донесат секоја одлука која што треба“ изјави министерката за култура Бисера Костадиновска-Стојчевска во емисија на Тера телевизија.

Таа додаде дека во овој случај градоначалникот на општината не може да потпише анекс на договор. Тој проект кога првпат се аплицирал бил 420.000 евра. Договорот бил 200.000 евра да финансира општина Битола, а остатокот да се добие преку проект.

„Магично потоа советниците велат дека тоа е заради зголемување на паушалот, градежните материјали, за да на крајот се аплицира во Министерството за култура со приближно еден милион евра, сума којашто не може да се искористи во текот на една година.“ потенцираше Костадиновска-Стојчевска.

Можеби ќе ве интересира

СДСМ: Наместо економски мерки –дефокус и Платформата на ВМРО во обид за рушење на СДСМ

C +

Младите ја раскажуваат приказната за рубинот – Божиновска се сретна со наградените ученички

C +

Лишени од слобода осум возачи за безобѕирно управување возило, од нив еден без дозвола управувал возило кое го украл, а еден управувал трактор под дејство на алкохол, предизвикал сообраќајна незгода и го напуштил местото

ДЕСК