Centar.mk
вестМАКЕДОНИЈА

Костадиновска-Стојчевска: Никако да ги слушнеме решенијата и плановите на ВМРО-ДПМНЕ

„Никако да го слушнеме решението. Опозицијата и нивниот лидер за се имаат решение, но никако да го понудат тоа решение. А кога ќе тргне да го нуди решението е демантиран“ рече министерката за култура, Бисера Костадиновска-Стојчевска во емисијата „Актуел“ на Тера.

Таа додаде дека би ѝ било срам да биде дел од политичка опција каде претседателот е постојано демантиран.

„Никако да ги слушнеме решението, ниту како би ги воделе преговорите со Бугарија, со Грција, како би ги воделе процесите, никако да слушнеме. Тие сакаат да креираат паника, дека ни е загрозен идентитетот, јазикот културата“ рече Костадиновска-Стојчевска.

Минситерката додаде дека ни само што идентитетот, јазикот и културата не се загрозени, туку тие се зацврстени, утврдени и потврдени.

Можеби ќе ве интересира

ПОЧИНА САМКА ИБРАИМОВСКИ – Поранешниот пратеник и министер имаше 72 години

ДЕСК

СТУДОТ ПРИСТИГНУВА ВО МАКЕДОНИЈА – Од викендот температурите ќе се спуштат под нулата

ДЕСК

Министерството за здравство апелира: Проверете го вакциналниот статус – МРП вакцината е најсигурна заштита од мали сипаници

ДЕСК