Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ЛОКАЛНОвест

ВО ТЕКОТ НА ЕДНА НЕДЕЛА САНКЦИОНИРАНИ 230 НЕПРОПИСНО ПАРКИРАНИ ВОЗИЛА НА ТЕРИТОРИЈА НА ОПШТИНА ЦЕНТАР

ЈП Паркинзи на Општина Центар и Општина Центар во соработка со Сообраќајната полиција-Скопје во текот на една недела санкционираа 230 непрописно паркирани возила кои го попречувале нормалното и безбедно одвивање на сообраќајот.

Во периодот од 11.03. до 17.03.2024 година, со помош на специјалните возила „Пајак“ на ЈП ПОЦ отстранети се 118 непрописно паркирани возила, а со поставување на механичко средство „Блокатор“ санкционирани се 112 возила кои биле затекнати на резидентни паркиралишта, а не биле корисници-резиденти на секторот во којшто биле паркирани.

ЈП ПОЦ и Општина Центар секојдневно водат грижа за да го доведат во ред сообраќајниот хаос настанат од непрописно паркираните возила на територијата на Општина Центар. Потсетуваме на почитување на сообраќајните правила од страна на секој учесник во сообраќајот со цел одржување на ред и безбедност на улиците.

Можеби ќе ве интересира

Орце – таткото на Скопје тргна во акција за чистење на Скопје – десетици камиони за чистење на ѓубре со вклучени ротации прво снимаат спот на паркингот кај “Борис Трајковски” па тргнуваат во 72 часовен поход за остварување на првиот успех!

ДЕСК

Ѓорѓиевски: Од вечерва, во 20:30 часот, започнуваме со првата голема акција, а тоа е за 72 часа да го исчистиме Скопје, токму како што ветив

ДЕСК

Герасимовски додели 82 стипендии до 3500 денари месечно на најдобрите ученици: Вие сте гордоста на Центар!

ДЕСК