Centar.mk
МАКЕДОНИЈАвест

Спасов: Силјановска-Давкова сака да биде претседател на народот, но не и на сите граѓани на Македонија

„На Силјановска-Давкова очигледно не ѝ пречи што ниту една политичка партија или граѓанско здружение на Албанците во Македонија не изразува подршка за нејзината програма и кандидатура. Таа мисли дека слободно може да каже дека нејзе гласовите на Албанците во Македонија не ѝ се потребни. Сака да биде претседател на народот, но не и на сите граѓани на Македонија“ пишува универзитетскиот професор и поранешен амбасадор Ѓорѓи Спасов во неговата колумна за „Независен“.

Тој додава дека поради тие причини Силјановска-Давкова најавува дека ќе предложела укинување на цензусот од 40 отсто за избор на претседател во вториот круг, бидејќи таа сака да биде претседател само на „избраниот народ“ и мисли дека тоа нема да ѝ пречи во извршувањето на една толку важна државна функција, што само ќе го поттикува албанскиот национализам во Маакедонија.

„Оваа нејзина амбиција може да биде оневозможена со масовно излегување на Албанците во вториот изборен круг и гласање за веројатниот ривал Стево Пендаровски, кој во изминатите пет години искрено ги подржуваше евроталанските напори и аспирации на земјава“ вели Спасов.

Можеби ќе ве интересира

Во месец јануари 15.943 сообраќајни прекршоци, лишени од слобода 74 лица за безобѕирно управување на возило согласно член 297-а од Кривичниот законик

ДЕСК

Димитријевиќ: Криминални тендери и дрога од 5 тони, Македонија како мафијашки филм

ДЕСК

Мицкоски: Повеќе од 50 предмети за висока корупција кои со години биле затскриени се во постапка, ова е само почеток, украденото мора да се врати кај народот

ДЕСК