18. август 2025
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
вестМАКЕДОНИЈА

Калевска – Ванчева: Додека СДСМ ги покачува пензиите, Силјановска и ДПМНЕ ги навредуваат пензионерите

Интегрален текст од денешната прес-конференција на Снежана Калевска – Ванчева, пратеничка на СДСМ:

СДСМ во изминатиот период ги покачи пензиите во просек за 6.400 денари а минималната пензија за 50%.

Знаеме дека тоа не е доволно и со СДСМ пензиите ќе продолжат да растат. Нашите повозрасни граѓани заслужуваат достоинствена старост.

Додека СДСМ ги покачува пензиите, ги почитува и се грижи за повозрасните граѓани, ДПМНЕ и Силјановска ги навредуваат пензионерите, споредувајќи ги со Мапет шоу.

Ваков однос кон пензионерите е несоодветен, непримерен и омаловажувачки, крајно неодговорен за политичар, пратеник или кандидат за претседател.

Пензионерите не заслужуваат да бидат вака омаловажувани и Силјановска треба да им се извини.

За жал, кандидатката на опозициската партија, Гордана Силјановска Давкова се претвори во уште едно лице на ДПМНЕ.

На граѓаните не им е потребен претседател кој ќе биде продолжена рака на белата палата, нов партиски послушник.

Не ни треба реприза на Иванов, не ни трева уште една деценија да изгубиме заглавени на патот кон Брисел.

Граѓаните знаат што е најдобро за нив и за Македонија.

Затоа ќе излезат на избори и ќе изберат европска иднина со СДСМ и Пендаровски.

Ќе кажат НЕ на политиките на ДПМНЕ за изолација и враќање назад.

Линк до видео (прес-конференција):

Линк до видео (Силјановска за пензионерите):

Можеби ќе ве интересира

Критично на неколку локации – пожари беснеат низ шест општини

ДЕСК

ПОДГОТВЕТЕ СЕ ЗА ГОЛЕМИ ПРОМЕНИ СО ВРЕМЕТО, ДОЖД И НЕВРЕМЕ ДОАЃА НИЗ ЦЕЛА МАКЕДОНИЈА – Метеоцентар со детлана прогноза за следните 4 дена

ДЕСК

Во тек невреме во Преспанско-охридскиот регион, истура дожд и североисточно од Пробиштип

ДЕСК