21. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
.SHOWBIZ

Слаткар: Сум почнал да рапувам од мака, за да го кажам тоа што го мислам

„Пишувам уште пред да ми дојде рап музиката и хип хоп културата. Првата песна е за моето братче, па мајка ми, стихотвоби. Никогаш не сум прекинал, од кога сум почнал не сум прекинал. Склопувам нешто што би можел да го кажам течко без да д’ткам. Тоа е мојот спас“ рече раперот Марко Маринковиќ Слаткар во утринската програма на „Слободен печат“ во соработка со „Трн.мк“.

Тој додаде дека не прави музика за да биде популарен, туку да го каже тоа што го мисли, а не може течно да му излезе од уста како на останатите.

„Така сум почнал, сум почнал од мака. Нашата култура е настаната од мака. Нашава музика е лек за се што ти е како проблем во твојата глава. Ние кога почнавме, почнавме да го зборуваме тоа шт осекој го знае и сака да го кажа, ама му е непријатно. Мене не ми беше. Мене ми е непријатно да лажам и да крадам“ рече СЛаткар.