Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Подрумот на Операта ќе биде спремен за џез оркестарот најдоцна до јули, најави министерката Костадоновска

Официјално е почната реконструкција и апатацијата на просторот што ќе биде наменет за трајно користење на Националниот џез оркестар.

Министерката за култура, Бисера Костадиновска Стојчевска заедно со вицепремиерот Фатмир Битиќи денес го посетија подрумскиот дел на Националната опера и балет (стара Килимара), кадешто ќе биде сместен оркестарот.

Костадиновска Стојчевска објасни дека просторот зафаќа 500 квадарни метри, а ќе има место за проби, магацин за инструменти, студио за снимање. Целото реновирање ќе чини 10 милиони денари.

„Националниот Џез оркестар ја заокружи својата институционална форма. Ја исполнивме обврската за трајно решение на џез оркестоарот и го остваривме ветувањето за нов дом на Установата. Ќе добиеме ново место за развој на музичката култура“, рече Костадиновска-Стојчевска.

Реконструкцијата се очекува да биде завршена најдоцна до јули.

Пред два месеца беше потпишан договорот за адаптацијата на просторот.

Можеби ќе ве интересира

Нема поголема минимална плата, доаѓаат „економски работници“, тврди СДСМ

ДЕСК

Сиљановска-Давкова ја прими албанската министерка за Европа и надворешни работи, Спиропали: Заедничката европска перспектива да стане реалност

ДЕСК

СНЕГ ЌЕ ТРУПА ВО ДЕЛОВИ ОД МАКЕДОНИЈА, НЕКАДЕ ЌЕ ИМА И ПОРОЈНИ ВРНЕЖИ ОД ДОЖД – Метеоролозите со нови најави за времето за следните 4 дена

ДЕСК