Centar.mk
вестМАКЕДОНИЈА

Неврохирургот Филипче со снимени операции пренесува свои искуства на идните неврохирурзи

Познатиот неврохирург Венко Филипче, објави видео како ги едуција неговите млади колеги идни неврохирурзи. Во сала на Неврохирургија со камера на глава проф. д-р Филипче снима како оперира за специјализантите по неврохирургија да може да учат.

Филипче за време на операциите секогаш е опкружен со млади лекари специјализанти за кои вели дека се иднината на Клиниката за неврохирургија.

,,Треба да се грижиме за иднината на здравствениот систем. Младите колеги идни лекари, хирурзи имаат голема желба за знаење, едукација и пракса. Наша обврска е преку тимска работа, чести пракси да ги едуцираме. Инвестирајќи во нив, споделувајќи ги искуствата и тајните на неврохирургијата, инвестираме во модерен здравствен систем”-вели проф.д-р Филипче.

Снимените операции кои ги најави Филипче ќе бидат нов ресурс преку кој студентите на Клиниката за неврохирургија, директно ќе се запознаваат со процесот на операција. Ваква пракса досега немало на Неврохирургија.

Видеото ,,Низ очите на еден неврохирург”, може да го погледнете тука (ЛИНК).

Можеби ќе ве интересира

За осум часа денеска санкционирани 116 мотоциклисти во Скопје, одземени три мотоцикли

ДЕСК

Четврток носи најголема опасност: Невреме со пороен дожд, силен ветер и можен град

ДЕСК

Од Стајковци до болница: Напад со тврд предмет прераснал во пресметка меѓу две групи

ДЕСК