16.8 C
Скопје
27. јули 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
.МАКЕДОНИЈА

СДСМ: Силјановска е продолжена рака на Мицкоски и ДПМНЕ, реприза на Иванов

-Кандидатката на опозицијата, Гордана Силјановска Давкова е само уште едно лице на ДПМНЕ, продолжена рака на Христијан Мицкоски, соопшти СДСМ.

„Во изминатите четири години Силјановска делуваше како пратеник на ДПМНЕ и ги поддржуваше блокадите на македонското Собрание и европскиот пат на земјата.

Силјановска покажа и докажа дека е ДПМНЕ, партија која ги негува единствено вредностите на изолација, затвореност и безнадежност.

На Македонија не ѝ е потребен претседател кој ќе биде реприза на Ѓорге Иванов, кога шефот на државата беше слеп послушник на партијата и кога не можеше да донесе ниту една одлука без да го крене телефонот за да се јави во Белата палата.

Не смееме да дозволиме деструктивните политики на Белата палата да се преселат во претседателскиот кабинет!

Не смееме да дозволиме ВМРО-МВРО повторно да ја крои нашата судбина и да си поигрува со иднината на нашите деца.

Затоа на претстојните избори граѓаните ќе дадат силна поддршка за Пендаровски.

Граѓаните ќе кажат НЕ за изолација и ДА за Европа.“ – се вели во соопштението.