Centar.mk
МАКЕДОНИЈАвест

Георгиевски: Проблемот со уставните измени е многу конкретен и реален и од него зависи иднината на Македонија, на граѓаните

„Имам и претходно кажано дека мене ми е жал што ветото што го донесоа запреа едни процеси кои во времето на г.Заев прилично одеа со брзо темпо, се развиваа односите, и целото тоа, ветото и наративот кој следуваше повеќе направија штета отколку добро. Како политичари имаме конкретна ситуација, имаме француски предлог кој не е бугарски туку од ЕУ, кој вели дека имате проблем со внесување на бугарите во уставот и откочување на процесот на ЕУ. Ние две години досега не преговараме со ЕУ, две години сме во лер, и сега доаѓа ВМРО-ДПМНЕ и има веројатност да победи и да формира влада, тие или по брза постапка ќе каже ова не било толкав проблем и да го реши проблемот и одиме напред или 4 години Македонија да ја држи во лер. Лично сметам дека овие 4 години и претходните две, шест години се многу Македонија да чека за после шест години, дојде некој и ни објасни дека ова не е проблем, зошто стоите тука. Проблемот е многу конкретен и реален и од него зависи иднината на Македонија, на граѓаните,“ рече лидерот на ВМРО-Народна, Љубчо Георгиевски, на ТВ 24.

Тој му се обрати на Марјан Ѓорчев дека во 1998-2002година кога биле во иста влада, Македонија економски била многу пред другите држави во регионот, како и дека тоа време ниту еден македонски граѓанин не земал бугарски пасош, туку обратно, бугарски граѓани земале македонски пасош.

Можеби ќе ве интересира

СНЕГ ЌЕ ТРУПА ВО ДЕЛОВИ ОД МАКЕДОНИЈА, НЕКАДЕ ЌЕ ИМА И ПОРОЈНИ ВРНЕЖИ ОД ДОЖД – Метеоролозите со нови најави за времето за следните 4 дена

ДЕСК

СДСМ: Нема пари од ИПАРД има смешни анкети од МВР

ДЕСК

Среде бел ден нападнат скопјанец на Средно Водно – причината крајно банална

ДЕСК