Centar.mk
БИЗНИС

Европските берзански индекси главно во пораст, цената на нафтата порасна – на златото падна

Денеска, европските берзански индекси во најголем дел се во пораст, како и цената на нафтата, а во исто време е забележан и пад на цената на златото.

Американското биро за статистика на трудот (BLS), денеска, во 13.30 часот, ќе ги објави податоците за февруарската инфлација во САД, а оваа вест секако ќе влијае на одлуката на американската централна банка ФЕД за каматните стапки, јавува Си-ен-би-си.

Индексот DAX на Франкфуртската берза денеска во 9 часот порасна на 17.817,55 поени, лондонскиот FTSE 100 на 7.741,75 поени, францускиот CAC 40 на 8.040 27 поени, а московскиот MOEX падна на 3.310,26 поени.

Можеби ќе ве интересира

Се токмат нови цени на горивата – Можно е убаво изненадување

ДЕСК

Кога фрижидерот покажува повеќе од статистиката: Како навистина живее едно семејство

ДЕСК

Како да не ви „истече“ платата во првата недела: Пет навики што го празнат буџетот

ДЕСК