Centar.mk
вестМАКЕДОНИЈА

СДСМ: ДПМНЕ предлага да наведнеме глава и да се откажеме од европската иднина

-ДПМНЕ предлага да наведнеме глава, да чекаме, да не правиме ништо и да се откажеме од нашата европска иднина, велат од СДСМ.

„Но, што носи тоа, која е алтернативата, да се чека 11 години, како во времето на Груевски?

Токму тоа го нуди ДПМНЕ пред граѓаните, откажување од европската иднина, меѓутоа цената од неправење ништо е превисока и за сегашните, но најмногу за идните генерации.

Вистинскиот пат за државата и за граѓаните е европската иднина. Овој пат не лесен, но е реален и дава вистинска надеж за суштински промени.

Единствениот вистински начин да ја промениме нашата земја на подобро зависи од континуираните реформи кои водат кон членство во ЕУ.

Европската иднина е единствената можна светла македонска иднина. Особено сега, кога дојдовме до последниот чекор.

СДСМ никогаш нема да се откаже од европскиот пат, затоа што тоа е вистинскиот пат за подобра иднина.“ – се вели во соопштението.

Можеби ќе ве интересира

РОДИТЕЛИТЕ ИМ ГО ПРЕПИШАЛЕ СТАНОТ НА ДЕЦАТА – Што ако еден ден им кажат дека повеќе немаат право да живеат таму?

ДЕСК

ЦИКЛОН ЈА ЗАФАЌА МАКЕДОНИЈА – Следуваат обилни дождови, локално над 60 литри на квадратен метар

ДЕСК

Црна Гора со поддршка за македонските евроинтеграции – „Проширувањето мора да биде според заслугите“

ДЕСК