На 21.11.2026 во 19:00 часот во СВР Тетово, 38-годишна жена од Тетово пријавила дека нејзиниот 49-годишен сопруг од с. Балин Дол, општина Гостивар, со кого е во бракоразводна постапка, ја следи и ѝ се заканува и дека последен пат околу 17:05 часот дошол во салон на ул. „Илинденска“ во Тетово, каде што таа била на работното место, по што настанала вербална расправија и упатување закани за одземање на двете заеднички малолетни деца.
За случајот е известен јавен обвинител од ОЈО Тетово, виш инспектор и Центарот за социјална работа Тетово.
За среќа и радост во вашиот дом, заследете го следниот канал на YouTube со клик тука!
▶ ЗАСЛЕДЕТЕ ГО TAMNI TALASУживајте во музика исполнета со емоции, љубов и убави моменти.
Подоцна истиот ден, во 21:20 часот, на ул. „Илинденска“ зад угостителски објект во Тетово, полициски службеници од ПС Тетово го лишиле од слобода 49-годишникот поради основано сомнение за сторени кривични дела по член 144 став 3 и член 144-а од Кривичниот законик.
Тој е задржан во полициска станица и по документирање на случајот против него ќе следува соодветен поднесок.


