Centar.mk
фото Центар.мк
МАКЕДОНИЈАвест

Кривична пријава за обид за убиство во Охрид

СВР Охрид поднесе кривична пријава против А.Д.(32) од Охрид поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „убиство во обид“ и против Е.М.(21) од Охрид поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „помагање“. На 08.03.2024 околу 11.30 часот, првопријавениот, во стан на ул.„Карпош војвода“ во Охрид, сопственост на второпријавениот, по претходна расправија ја турнал М.О.(39) од Скопје од терасата. Таа била пренесена во болницата „Св.Еразмо“ во Охрид каде и биле констатирани тешки телесни повреди, соопшти полицијата.

Второпријавениот Е.М., кој бил присутен, не го спречил сторителот во извршувањето на кривичното дело.

Можеби ќе ве интересира

ДРАСТИЧНИ ПРЕСВРТИ СО ВРЕМЕТО – Метеоролозите објавија повеќедневна прогноза

ДЕСК

Пукање кон возило во кратовско

ДЕСК

Гаши со честитка по повод Велигден

ДЕСК