Centar.mk
вестМАКЕДОНИЈА

Приведен криумчар на мигранти

Денеска (09.03.2024) околу 11 часот на автопатот „Пријателство“, во близина на Гевгелија, полициски службеници од РЦ ГР Југ- ПС за ГП и ГН Богородица го лишиле од слобода Ќ.Ш. (24) од с.Студеничани, скопско, поради тоа што во неговото патничко моторно возило „порше“ со скопски регистерски таблички превезувал шест лица- мигранти од Кина, соопшти МВР.

-На даден знак за запирање од полициските службеници, Ќ.Ш. не го запрел возилото и продолжил со движење, по што изгубил контрола и удрил во канделабра, во близина на бензинска станица. Во возилото се пронајдени шест лица од Кина, а двајца од нив биле пренесени во болницата во Гевгелија за укажување лекарска помош. Поради постоење на основи на сомневање дека Ќ.Ш. сторил кривично дело „криумчарење на мигранти“ по чл.418-б ст.2 од КЗ, тој е лишен од слобода, известен е јавен обвинител од ОЈО за ГОКК Скопје, по чии насоки ќе биде поднесена кривична пријава, информира полицијата.

Можеби ќе ве интересира

Влада ја продолжи мерката за намалување на акцизите на нафтените деривати до 15 мај

ДЕСК

Филипче: Ги повикувам сите што знаат дека со оваа власт нема иднина да се приклучат во Фронтот

ДЕСК

Шест возачи лишени од слобода поради безобѕирно управување – тројца биле под дејство на алкохол, двајца предизвикале сообраќајни незгоди

ДЕСК