Centar.mk
МАКЕДОНИЈАвест

Маричиќ: Има разлика меѓу активистите на СДСМ и ботовите на опозицијата

„Има разлика! СДСМ го шири демократскиот глас преку своите активисти, а опозицијата користи ботови за дезинформирање“ напиша на социјалните мрежи вицепремиерот Бојан Маричиќ, споделувајќи фотографии работилницата на СДСМ посветена на дигиталната акција.

„Дигиталната битка на овие избори ќе ја добијат СДСМ и демократскиот блок бидејќи гласот и ставот на луѓето кои се борат за социјална правда и за еднаквост секогаш е посилен и погласен од тајните подрумски структури на национализмот“ потенцираше Маричиќ.

Тој додаде дека СДСМ ја шири својата дигитална акција, преку постојано приклучување нови и посветени подддржувачи на социјалдемократската кауза.

„Им благодарам на сите активисти од Изборна единица 1 кои денес ни се приклучија на работилницата на #СДСМ посветена на #ДигиталнаАкција“ напиша Маричиќ.

Можеби ќе ве интересира

Зимата се враќа, снег ќе трупа во делови од Македонија – Метеоцентар со детална прогноза за следните 4 дена

ДЕСК

Вработен во РЕК Осломеј пријавил дека има бомба во кругот на комбинатот и си заминал од работа

ДЕСК

Тешко повреден 33 годишен скопјанец на работно место во фабрика

ДЕСК