24.8 C
Скопје
28. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ТЕХНОЛОГИЈА

Apple го подготвува првиот уред со флексибилен екран, но тоа нема да биде телефон или таблет

За плановите на Apple поврзани со уреди со флексибилни екрани се зборува во последно време, но се чини дека се уште сме доста далеку од официјалното претставување на ваков уред. Додека свитливиот iPhone никогаш не беше во преден план, имаше гласини дека Кук и неговиот тим подготвуваат iPad Fold, или флексибилна верзија на нивниот таблет.

Според најновите информации објавени од доверливиот аналитичар Минг-Чи Куо, нема добри вести за фановите на Apple кои со нетрпение го чекаат iPad или iPhone Fold бидејќи Кук се чини дека нема конкретни планови за претстојното претставување на овие уреди. Но, тоа не значи дека флексибилните екрани не им се интересни бидејќи наводно работат на развој на пренослив компјутер со флексибилен екран.

За ваков флексибилен MacBook претходно зборуваше и познатиот аналитичар Рос Јанг, а истата информација беше објавена и на една корејска веб-страница. Според Минг-Чи Куо, кој е веројатно најпознатиот и најдоверлив аналитичар кога се во прашање производите на Apple, може да очекуваме MacBook со флексибилен екран во 2027 година.

Со оглед на тоа што остануваат уште три години до неговото претставување, јасно е дека до тогаш може многу да се сменат, особено со напредокот на овој тип на екрани, па не е исклучено компанијата малку да ги забрза плановите. Освен дијагоналата на екранот, која треба да биде 20,3 инчи кога уредот е отворен, нема дополнителни информации за самиот лаптоп. Најголемиот лаптоп во понудата на Apple моментално е 16-инчниот MacBook Pro, додека во минатото имаа и 17-инчен модел.

Виртуелна тастатура
Што се однесува до флексибилниот лаптоп од 20 инчи, се претпоставува дека ќе може да се користи и со свиткан екран, при што долниот дел од екранот ќе служи како виртуелна тастатура, односно ќе може да се користи како компјутер со голем екран кој треба да се поврзе со надворешна тастатура, пишува Zimo.

Спонзорирано: