Centar.mk
вестЛОКАЛНО

Посебен сообраќаен режим утре во Скопје

Министерството за внатрешни работи ги известува граѓаните дека утре 09.03.2024 (сабота) поради верскиот празник Задушница од страна на Единицата за безбедност на патниот сообраќај при СВР Скопје ќе бидат преземени мерки за посебен режим на сообраќај за безбедно и непречено одвивање на сообраќајот. Имено, со почеток од 06.00 часот сообраќајот кон градските гробишта Бутел ќе се одвива во една насока (кружно), односно, сите возила ќе се упатат по ул.„Бутелска“, лево по ул.„Александар Урдаревски“, лево по ул.„Боца Иванова“ и десно до влезот на гробишта Бутел, а за излез од гробишта, десно по ул.„Боца Иванова“, до кружниот тек на ул.„Бутелска“, па лево по ул.„Бутелска“ и десно по ул.„Кемал Сејфула“.

Посебен режим на сообраќај ќе се воведе и во околината на гробишта Камник и Ѓорче Петров. СВР Скопје апелира до граѓаните да ги почитуваат наредбите што ги издаваат полициските службеници.

За среќа и радост во вашиот дом, заследете го следниот канал на YouTube со клик тука!

▶ ЗАСЛЕДЕТЕ ГО TAMNI TALAS

Уживајте во музика исполнета со емоции, љубов и убави моменти.

Можеби ќе ве интересира

ДЕНЕСКА ЗАБРАНЕТО ПАРКИРАЊЕ НА ПОВЕЌЕ УЛИЦИ ВО БИТОЛА – Посебни мерки поради странските делегации

ДЕСК

Градоначалникот Георгиевски во посета на Здружението „Моето гнездо“ по повод Неделата посветена на старите лица

ДЕСК

НОВИ РАБОТИ НА ВОДОВОДНАТА МРЕЖА ВО ЛИСИЧЕ – Најавен прекин поради поврзување на стар и нов цевковод

ДЕСК