24. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
.МАКЕДОНИЈА

Забрчанец: Партиите на изборите да го кажат нивниот став за Отворен Балкан, бидејќи 80 отсто од граѓаните ја поддржуваат иницијативата

„Важно е партиите на овие избори да се произнесат кој е нивниот став за Отворен Балкан, имајќи предвид дека 80 проценти од населението ја поддржува иницијативата, иако некои политичари имаа и скепса и негативни критики“ рече националниот координатор за Отворен Балкан и регионални иницијативи во Владата, Марјан Забрчанец во утринската програма на „Слободен печат“.

Тој додаде дека се што спроведува Отворен Балкан е суштинска имплементација на стандардите на ЕУ.

„И преку Отворен Балкан и преку Берлинскиот процес и Планот за раст ги ползуваме бенефитите од единствениот европски пазар, пред зачленувањето. Ја практикуваме ЕУ со помали чекори, до конечното зачленување“ рече Забрчанец.

Тој додаде дека постојат различни инцијативи, мерки, резултати и придобивки од сите регионални иницијативи, но кога ќе се стави се на куп, тоа значи подобар живот за сите на Западниот Балкан.