Centar.mk
фото Centar.mk
вестМАКЕДОНИЈА

Приведен крадец од гостиварско за издржување затворска казна од 16 месеци

Вчера, во 20.00 часот, полициски службеници на СВР Тетово – Одделение за внатрешни работи Гостивар го привеле 32-годишниот Ш.Ф. од гостиварско Чегране. Тој бил баран по централна потерница врз основа на судска наредба за издржување на затворска казна од една година и четири месеци за сторено кривично дело „тешка кражба“ по член 236 од Кривичниот законик, соопшти МВР.

Лицето било спроведено во Казнено-поправната установа Затвор Идризово во Скопје за издржување на казната.

Можеби ќе ве интересира

Цветков до Дурмиши: Како граѓаните да го преживеат месецот со две минимални плати ?

ДЕСК

УЈП и МЗ: Одговорно управување со јавниот имот во функција на здравствениот систем

ДЕСК

Исмаил: ДПМНЕ ги претвори брзите кредити во бизнис со сиромаштијата – 48 милиони евра нови задолжувања за само шест месеци

ДЕСК