Centar.mk
МАКЕДОНИЈАвест

Со Пендаровски граѓаните имаат јасен избор, членство во ЕУ и сигурна иднина, велат од СДСМ

Со, кандидатот за претседател на државата на СДСМ и Коалицијата Стево Пендаровски граѓаните имаат јасен избор, членство во ЕУ и сигурна иднина, велат од СДСМ.

„Во досегашниот мандат Пендаровски покажа што значи да се биде вистински претседател за сите граѓани, без разлика на етничка, политичка, верска или каква било припадност.

Со негова одговорност и независност го врати угледот, интегритетот и кредибилитетот на институцијата Претседател на државата.

На претстојните избори, изборот пред граѓаните е продолжување на напредокот кон ЕУ или изолација.

На граѓаните и на државата не им треба претседател кој ќе кочи, туку претседател, како Пендаровски кој ќе турка напред по вистинскиот пат, кон европски животен стандард и европски вредности.

Македонските граѓани сакаат прогрес, економски напредок, стабилност, мир и спокој.

Затоа на претстојните избори ќе дадат силна поддршка за Пендаровски.“ – соопшти СДСМ.

Можеби ќе ве интересира

Неколку улици во центарот на Скопје ќе бидат затворени за сообраќај: за утре најавен протест на ССМ

C +

Мицкоски: Нема да има мигранти, тоа е измислена тема на Венко

C +

Филипче: Ние немаме работа со политички неистомисленици, туку со мафија

C +