Centar.mk
МАКЕДОНИЈАвест

СДСМ: Силјановска е реприза на Иванов, ДПМНЕ нуди враќање назад

-Гордана Силјановска Давкова, кандидатката за претседателка на ДПМНЕ, е реприза на Ѓорѓе Иванов, велат од СДСМ.

„ДПМНЕ, со Силјановска Давкова нуди само враќање назад, во изолација, заглавени 11 години без било каков напредок, далеку од ЕУ.

Силјановска Давкова ги спроведува политиките на ДПМНЕ на блокади и кочење на европскиот пат во македонското Собрание, се противи на Договорот од Преспа и на Преговарачката рамка за влез во ЕУ, со што целосно се докажа и како антиевропски политичар.

ДПМНЕ не може да донесе никаква промена на подобро, потврда за тоа е катастрофата што се случува во Скопје.

Со ДПМНЕ нема ЕУ ниту за 100 години.

Изборот пред граѓаните е јасен.

Напред по европскиот пат на просперитет со Пендаровски или назад во изолација со Силјановска.“ – се вели во соопштението.

Можеби ќе ве интересира

Димитријевиќ: ВМРО-ДПМНЕ прави дефокус, нема одговор како 5 тони дрога поминале преку граница

C +

Од вторник заладување со пообилни врнежи од дожд и снег

C +

Граѓаните може да го видат работењето на Уставниот суд одблизу секој прв четврток во месецот

C +