16. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
.МАКЕДОНИЈА

Ризаов: Изјавите на Пендаровски за евроатлантските интеграции се јасно кажани, тука нема калкулации со лажен патриотизам и популизам

„Ставовите на претседателот Пендаровски се јасно искажани и во однос на евроатланските интеграции и за односот на ЕУ кон Македонија и за односите со соседите. Тука нема нејаснотии и калкулации со лажен патриотизам и популизам“ пишува новинарот Ерол Ризаов во неговата колумна „Зошто пак ќе гласам за Пендаровски“ објавена на Дојче Веле.

Тој додава дека вториот мандат на Пендаровски ќе му овозможи уште поголема посветеност кон најзначајните државни интереси кои ја одредуваат иднината на Македонија.

„Фактот што нема трет претседателски мандат дава поголема слобода и во односите со партијата која го предлага за свој кандидат и поголема посветеност кон своите заложби да биде прифатен како претседател на сите граѓани“ вели Ризаов во колумната.

Тој додава дека ќе биде интересна предизборната борба на претседателот Стево Пендаровски со веќе еднаш поразениот претседателски кандидат на ВМРО-ДПМНЕ, Гордана Силјановска-Давкова на темата евроатлански интеграции, договори со соседите и внатреетнички односи и демократски процеси.

„На Силјановска ќе ѝ биде голем ограничувачки фактор тоа што ВМРО-ДПМНЕ по поразот на претходните парламентарни и претседателски избори како опозициска партија целиот овој период ги оспоруваше постигнатите резултати, нарекувајќи ги велепредавство на националните интереси. И таа како пратеник го прифати овој лажен патриотски вознес. Повторно револуционерната партија го избра минатото наместо иднината“ пишува Ризаов.