14. септември 2025
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈАвест

Маричиќ: Пендаровски-затоа што го врати кредибилитетот и сериозноста на функцијата претседател на државата, без ниедна дамка или афера

„Пендаровски, затоа што го врати кредибилитетот и сериозноста на функцијата претседател на државата. Имаше правилен курс и немаше дамка во 5 годишниот мандат и ниту една афера и сигурни сме дека државата ќе ја води во вистински правец. СДСМ до овој момент ниту се обиде, ниту успеа да кандидира подобар кандидат од Пендаровски, “ рече првиот вицепремиер за европски прашања и секретар за меѓународна соработка на СДСМ, Бојан Маричиќ во емисијата 360 степени на МРТ 1, на прашањето зошто токму Пендаровски за претседател.

За тоа каков резултат очекува од првиот круг на избори, и изјавата на Мицковски дека Силјановска ќе има повеќе од 100.000 гласови од Пендаровски, Маричиќ рече дека тоа е нереално и дека ВМРО-ДПМНЕ секогаш игра со бројките 61, никогаш не добиле 61 пртеник иако на сите избори го барале тоа. Како и дека и кога биле најсилни и имале 2/3 со ДУИ во Собранието во 2008 година немале 61 пратеник.

„Очекувам тесна изборна трка со предност на Пендаровски,“ рече Маричиќ.

Тој го оцени и како крајно нереално и наместо Стево Пендаровски да влезе во втор круг Максим Димитриевски.
Оние што сакаат да подржат социјал-демократски кандидат и кој се грижи за европските вредности, за потребите на граѓаните и за националниот интерес на Северна Македонија треба да го подржи Пендаровски.

Можеби ќе ве интересира

Филипче: СДСМ нуди конкретно решение за Вардариште, додека ВМРО-ДПМНЕ молчи и гледа како се трујат граѓаните

C +

Филипче: Македонија стана опасно место за живеење, Владата нема контрола над пожарите во депониите

C +

Се уште нема субвенции за одгледувачите на овци, ВМРО-ДПМНЕ им сврте грб на земјоделците

C +