Centar.mk
вестМАКЕДОНИЈА

Зечевиќ од маршот во Кавадарци: Жените се клучни стожери во создавањето подобро општество

Сведоци сме на историја испишана со храброст и одлучност, каде што македонските жени не само што биле учесници, туку биле и клучни стожери во создавањето на подобро општество, рече генералниот секретар на СДСМ, Миле Зечевиќ Вардарски во обраќањето на Осмомартовскиот марш кој денеска се одржа во Кавадарци.

-Со огромна чест чекорев со вас. Привилегијата е моја и горд сум дека тоа не е само денеска и не е само тука. Чекорењето со вас, рамо до рамо е секогаш и секаде. Во сите битки и предизвици. И за тоа – ви благодарам! Вашата решителност, посветеност и искрена желба за сигурна и стабилна иднина е силата на СДСМ. Тоа беспрекорно чувство за визионерски државотворни одлуки се суштината и во нашето заедничко социјалдемократско делување. Денеска, јас сум само еден од вас, ние заедно оддаваме почит за силата на жената – социјалдемократка, за нејзиното историско револуционерно и партизанско наследство. Оддаваме почит и на постојаната борба за подобро утре, за Европска Македонија!, рече Зечевиќ.

Оваа сила и храброст, покажана во револуционерната борба на НОБ се фундамент на нашата денешна борба за еднаквост и правда, за европски вредности, за градење политики и создавање иднина, додаде тој.

-Единство, солидарност и потсетување дека борбата за родова еднаквост оди рака под рака со пошироката борба за правда и слобода, со борбата за подобро утре. Ако нивната борба беше за слобода, нашата политичка борба е за европска иднина. Духот на антифашистичката борба и придонесите на Македонките во НОБ нека нѐ инспирираат да создадеме модерно европско општество, рамо до рамо со државотворните европски народи. Единствен начин за подобра македонска иднина е полноправно членство во Европската унија, рече Зечевиќ

Генералниот секретар повика секогаш кога “говориме за херојството, дадените жртви и постигнатите победи да се потсетиме и на нашите секојдневни хероини“, жените кои секој ден ги среќаваме, дома, на работа, во училиште, насекаде, потенцираше Зечевиќ.

Можеби ќе ве интересира

Покачување на 50 отсто на пензиите ако дојде СДСМ на власт – најави Тренчевска

ДЕСК

Силно невреме проследено со град на автопатот Скопје – Тетово, невреме и во други делови на Македонија: Каде е најкритично?

ДЕСК

ТЕЖОК СЛУЧАЈ ВО СКОПСКИ АЕРОДРОМ: Во дом пронајдена почината педесет и деветгодишна жена

ДЕСК