Centar.mk
вестМАКЕДОНИЈА

Масивна организација на СДСМ во еден ден: 8-мартовски марш, конгрес за поддршка на Пендаровски и собрани над 20 илјади потписи

СДСМ денес го одржа својот осмомартовскиот марш во Кавадарци со над шест илјади граѓани, каде што се одбележаа неколку важни настани, 8ми март Меѓународниот ден на жената, 25 години од постоењето на Форумот на жени и 80 години од формирањето на АФЖ во Македонија.

На маршот се обратија претседателот Ковачевски, како и останати високи функционерки и функционери од партијата, а во исто време, останатите поддржувачи на владејачката партија кои не маршираа во Кавадарци побрзаа до канцелариите на ДИК за да ја дадат својата поддршка за вториот мандат на претседателот Стево Пендаровски.

За неполни пет часа, претседателот Пендаровски успеа да ги собере потребните 10 илјади потписи, а во текот на денот за неговата граѓанска кандидатура се потпишаа над 20 илјади граѓани.

Вечерва, владејачката СДСМ ќе одржи Конгрес, на кој се очекува да се даде поддршка на граѓанската иницијатива на Пендаровски, а според најавите, на Конгресот за да се заблагодари за поддршката ќе се појави и лично претседателот Пендаровски.

Можеби ќе ве интересира

ВОЗНЕМИРУВАЛ МАЛОЛЕТНИК ВО СКОПСКИ АЕРОДРОМ, СПОРЕД ПРИЈАВАТА – Полицијата приведе 45-годишен маж

ДЕСК

12-ГОДИШНО ДЕВОЈЧЕ ПРИЈАВЕНО ЗА ИСЧЕЗНАТО, ПА СЕ ВРАТИЛО ДОМА – Мајката тврди дека малолетник против нејзина волја ја заклучил во автомобил

ДЕСК

ЈА НАПАДНАЛ СОПРУГАТА И Ѝ НАНЕЛ ПОВРЕДИ, СПОРЕД ПОЛИЦИЈАТА – Кривична пријава против 42-годишник од Гостивар

ДЕСК