Centar.mk
вестМАКЕДОНИЈА

Демири: Гостиварската болница се зајакнува со реконструкции, нова опрема и човечки капитал

Министерот за здравство д-р Илир Демири, денеска заедно со претседателот на Владата на Република Северна Македонија Талат Џафери и членови на Владата беа во посета на Општата болница Гостивар кадешто заеднички направија обиколка низ установата.

Во изминатиот период, тука интензивно се работи на подобрување на условите за третман на пациентите, но и за подобрување на условите за работа на здравствените работници.

„Направивме увид на одделението за невропсихијатрија што е во фаза на реконструкција. Но, покрај инфраструктурното зајакнување, во установата се вложува и во нова опрема, како и во медицински кадар. Тука за првпат во областа на урологија почнаа да се изведуваат лапароскопски интервенции. Со ова, повеќе нема потреба пациентите да се упатуваат во Скопје за овој тип интервенции. Исто така, за установата беше набавен и подвижен рентген апарат со C-рака со дигитален детектор. Вложуваме во јавното здравство преку реконструкции, набавка на опрема и лекови, зајакнување на човечкиот капитал со вработувања, едукации, зголемувања на плати. Продолжуваме со истото темпо и во следниот период“, рече Демири.

Можеби ќе ве интересира

Одржани серија работилници за изработка на Националниот инвентар на јавни згради, „скенирани“ 2000 јавни објекти

ДЕСК

СДСМ: До кога граѓаните ќе чекаат Мицкоски и Филков да пратат документи за екстрадиција на Груевски?

ДЕСК

Жените извршуваат над 76% од неплатената работа на грижа – Конференцијата за трансформација на грижата отвора национален дијалог за системите за грижа во Северна Македонија

ДЕСК