Centar.mk
МАКЕДОНИЈАвест

Премиерот Џафери на Регионален самит за Планот за раст на Западен Балкан во Тирана

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Талат Џафери, денеска, ја продолжува работната посета на Тирана, Република Албанија, со учество на Конференцијата на високо ниво „Раст и конвергенција за Западен Балкан“.

Во фокус на состанокот е Планот за раст на Западен Балкан усвоен од Европската комисија, а ќе се разговара и за унапредувањето на регионалната соработка и реализацијата на Заеднички регионален пазар, како процес на постепено вклучување во Единствениот европски пазар.

Премиерот Џафери, пред почетокот ќе даде изјава за медиумите, а на Конференцијата ќе се обрати на Панелот „Вовед во единствениот пазар“.

На Регионалниот состанок во Тирана, којшто е продолжување на состанокот од минатиот месец во Скопје, се лидерите на државите од Западен Балкан, како и комесарот за соседска политика и проширување на ЕУ, Оливер Вархеји.

Се очекува на Самитот да биде усвоена заедничка изјава на лидерите од Западен Балкан во насока на понатамошната институционална соработка меѓу државите и следните конкретни чекори и иницијативи во постепеното интегрирање на економиите од Западен Балкан во Заедничкиот пазар на ЕУ.

Можеби ќе ве интересира

Лишени од слобода осум возачи за безобѕирно управување возило, од нив еден без дозвола управувал возило кое го украл, а еден управувал трактор под дејство на алкохол, предизвикал сообраќајна незгода и го напуштил местото

ДЕСК

Пронајден возачот кои удри во малолетничка и избега, следува кривична пријава

ДЕСК

Вечерва слаб снег вее на овој патен правец, каква е состојбата на патиштата?

ДЕСК