Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

ЗДРУЖЕНИЈАТА ГО ПОВИКАА ПЕНДАРОВСКИ ДА НЕ ГО ПОТПИШУВА ЗАКОНОТ – Се враќа државното рекламирање во медиумите

Собранието по скратена постапка вчера ги усвои измените на Законот за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги со кои се предвидува повторно воведување на државно рекламирање во земјата.

За законските измени гласаа пратениците и од власта и од опозицијата.

СДСМ го критикуваа рекламирањето на владините кампањи во медиумите за време на Груевски и во 2017 година беше укинато, како нивно предизборно ветување.

Медиумските здруженија ЗНМ И ССНМ сметаат дека воведувањето на државното рекламирање во приватните медиуми значи враќање на клиентелистичките и коруптивни практики од минатото,со исклучително штетни последици за независноста на медиумите и пошироко за слободата на изразување.

Медиумските здруженија кои се против враќањето на владините кампањи во медиумите и кои предупредуваат на штетните ефекти од сето тоа, ја алармираа ЕУ и бараат од претседателот Стево Пендаровски да не го потпишува законот.

Можеби ќе ве интересира

СДСМ: Сите лаги на Мицкоски паднаа во вода- без разлика на предлозите за нова динамика, мора да се почитуваат европските правила

ДЕСК

Мицкоски задоволен од средбите со Макрон и Мерц во Тиват: Процесот на проширување е жив, членките на ЕУ ја разбираат нашата позиција

ДЕСК

Собранието домаќин на 23. конференција на КОСАП во Струга

ДЕСК