24. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
.МАКЕДОНИЈА

Интензивно се работи подобрување на отпорност кон поплави на Полошкиот крај

Министерката за животна средина и просторно планирање Каја Шукова, амбасадорката на Швајцарија Вероник Улман и постојаниот претставник на УНДП Армен Григоријан, учествуваа на 5-тиот состанок на проектниот одбор на проектот “Подобрување на отпорноста кон поплави во Полошкиот регион” финансиран од Владата на Швајцарија , а имплементиран од Програмата за развој на Обединетите нации (УНДП) и Министерството за животна средина и просторно планирање.

На состанокот се направи пресек на реализираните активности во изминатата година и се презентираа плановите за наредната.

Проектот е повеќегодишен, повеќекомпонентен и комлексен. Во 2023 година се реализираа повеќе активности во рамки на различните компоненти на проектот. Во делот на реализација на мерки за урбана отпорност се елаборираа зафатите за чистење на атмосферската мрежа во градот Гостивар и изградба на атмосферска мрежа во градот Тетово, во делот на стабилизација на свлечишта беа претставени реализираните проектите: стабилизација на свлечиштето во Сенакос, стабилизација на свлечиштето во Ломница, стабилизација на свлечиштето во Долна Лешница, стабилизација на свлечиштето во Старо Село, стабилизација на свлечиштето во Пирок и свлечиштето во Јеловјане и стабилизација на свлечиште во ХЕЦ Пена.

Во рамки на третата компонета, пошумување како анти-ерозивна мерка, вкупно пошумена површина до 2023 година изнесува 41 ха, а ЈП Национални шуми обезбеди 5.000 садници за пошумување во Националниот парк Шар на површина од 2 ха во Селце и што ќе се спроведе во тековната година. Исто така, беа претставени и планираните акиовности за тековната година. Проектот се спроведува во континуитет од 2017 годнина, а за негова реализација Швајцарија обезбеди над 13 милиони долари.
Заеднички став беше дека одржливост на проектот и заштита на населението и животна средина во овој регион којшто е исклучително изложен на ризици од поплави, свлечишта и други природни непогоди, може да се постигне само со максимално вклучување на сите засегнати страни, особено локалните власти и населението преку подигнување на свеста и развивање на позитивни навики и однсувања во однос на управувањето со отпад, заштитата на шумите и сл.