Centar.mk
МАКЕДОНИЈАвест

Ковачевски: Кога во Белата палата купувале вазни од по 10.000 евра, социјалната помош била 3.000 денари

„Кога во белата палата купувале вазни од по 10.000 евра, социјалната помош била 3.000 денари,а ние ја зголемивме скоро за 4 пати и сега е околу 200 евра, е толку на ВМРО ДПМНЕ им се важни граѓаните“-рече претседателот на СДСМ, Димитар Ковачевски вечерва од Штип.

СДСМ никогаш не се водела од партиските или лични интереси, рече Ковачевски, одлуките кои се носат се за општо добро на граѓаните, за поквалитетен живот на сите генерации и за економски просеритет на државата, истакна претседателот на партијата.

„СДСМ работи за граѓаните, за разлика од ВМРО ДПМНЕ кои не престанаа да работат за лични интереси, за луксузирање на тесното партиско раководство, за нивните лични фрустрации. Нивната ненаситност во трошење на буџетски пари се кршеше на грбот на граѓаните, сведоштво е Белата Палата, каде само главните актери се сменија, Груевски избега, дојде Мицкоски, но се друго остана исто“ рече Ковачевски на отворањето на партискиот промотивен штаб во Штип.

Можеби ќе ве интересира

ЌЕ СЕ ФОРМИРА СНЕЖНА ПОКРИВКА ДО 15 СМ НА ПЛАНИНИТЕ: Најавени пообилни врнежи на дожд низ цела Македонија, некаде ќе преминуваат во снег – Метеоцентар со детална четиридневна прогноза

ДЕСК

Ако ЕУ има решение за Украина и Молдавија, лесно ќе најде и за нас, пoрача Сиљановска-Давкова во годишното обраќање

C +

Претседателот на Собранието Гаши донираше средства за училиштата „Златан Сремец“ – Скопје, „Иднина“ – Скопје и „Лирија“ – Тетово

ДЕСК