„Јас веќе сум кажал комплетно ги разбирам граѓаните и го разбирам незадоволството на дел од граѓаните бидејќи се работи за дел од граѓаните, 1,3 милиони пасоши ние веќе имаме со новото уставно име на државата. Но исто така треба да се изрази благодарност и до тие кои напорно работеа за тоа да се направи и напорно работат тоа да се направи. И дали може процесот да биде организиран подобро, да може секој процес може да биде подобро организиран. Дали треба да се лоцира одговорност, да одговорноста е во сите институции кои што учествуваат во извршување на одредена операција, прво во одреден процес меѓутоа секога треба да се извлече наравоучение на кој начин може да се подобри тој процес. Еве гледате дека сега во МРВ и министерот и дополнителниот заменски министер и заменикот министер сега сите таму се политички партии вклучени. Го забрзуваат процесот на зголемување на процесот на базни станици за сликање, веќе имаме доволна количина на обрасци,“ рече претседателот на СДСМ, Димитар Ковачевски во Дневникот на Сител ТВ на тема пасоши и одговорност.
Тој истакна дека со правилна организација процесот може некаде септември, октомври да биде завршен со комплетна замена на пасошите. Со оглед на тоа дека ако сите ресурси се фокусираат на завршување на оваа значајна операција која што е многу субсесивна бара многу голем контакт со луѓе се работи за замена на документи за цела држава.
На прашањето околу кршење на основното човеково право на слободно движење на граѓаните Ковачевски истакна дека поднесени се измени на закон во Собранието кои што се однесуваа на возачките и сообраќајните дозволи да може да се користат со старото име на државата и по истекот на рокот 12.02.2024 година.
„Заменувањето на личните документи произлегува од меѓународен договор кој што е ратификуван во Собранието, тоа е договорот со Грција. Комунициравме нормално со ЕУ, сега комуницираат тие кои што се задолжени, јас веќе немам овластување да комуницирам со официјалните претставници на држави членки на ЕУ или на институции на ЕУ со оглед на тоа дека сега имаме техничка Влада која е на функција. Некои од државите ги признаваат старите пасоши, некои не ги признаваат. Меѓутоа многу е јасен и ставот на ЕУ, а тоа е дека Северна Македонија треба да го заврши овој процес кој што е преземен од меѓународна обврска. И вие знаете дека ако се носат други закони кои што го делегираат законот за ратификација на меѓународни договори тогаш влегуваме во друг проблем. И затоа сметам дека ова прашање не треба да се користи за обвинувања, во ниту еден случај не треба да се користи за казнување на граѓаните. Во ниту еден случај не треба да се користи за обвинување на граѓаните туку треба сите напорно да работат во овој случај,“рече Ковачевски.