Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈАвест

Ковачевски: Енергетската криза покажа колку ни се потребни големи стратешки проекти

„Не е точно дека не се консултирани. Во државата има голем број експерти, во областа на енергетиката, машинското инженерство, електроинженерство итн. Јас како претседател на Владата имав советници кои беа врвни во своите области и од економија и од финансии и од електротехничките науки. И сите решенија кои што се носеа во делот на обезбедување на електрична енергија во најголема криза. Во делот за обезбедување на греење за Скопје. Во делот на овозможување на пристапни цени итн и јас врз основа на консултации со такви експерти. А што се однесува до консултирање со опозицијата, постојат законски решенија кои се во Собранието. Опозицијата е застапена во Собранието, таа може да го даде своето мислење,“ рече претседателот на СДСМ, Димитар Ковачевски во Дневникот на Сител ТВ, во врска со консултациите за Чебрен, и законите за стратешките извори во енергетиката со експерти и опозицијата.

Јас кога сум бил заменик министер за финансии, дополни Ковачевски, заедно со министерот Бесими во еден или во два наврати самите имаме инсистирано да се повикуваат експерти во одредени законски решенија. Дали тоа ќе биде сега направено не знам меѓутоа дека на нас ни требаат стратешки големи проекти тоа го покажа енергетската криза. Ние работиме со 45 години стари капацитети со јаглен за производство на еле енергија. Дали големи светски инвеститорски имиња се пријавија, да, бидејќи се работи за навистина големи корпорации, посочи Ковачевски.

Можеби ќе ве интересира

Во тек е исплатата на правата од социјална и детска заштита

ДЕСК

Шест лица го загубија животот за четири дена во сообраќајни несреќи, секојдневно сами го ризикуваме животот поради непочитување на сообраќајните правила и прописи

ДЕСК

Претседателот Гаши на средба со претставници на ДИК

ДЕСК