24. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
.МАКЕДОНИЈА

Ковачевски: Бурек економијата на Мицкоски во современата наука не постои

„Јас сум економист и можам да зборувам за економија, бурек економија во современата наука не постои. И ако сакате во бурек да пресметате во тоа време со 1 минимална плата можело да се купат 170 четвртини бурек, денес можат да се купат 270 четвртини бурек и тоа добар бурек.

Во време на Владата на ВМРО ДПМНЕ кога советник во Владата беше претседателот на ВМРО – ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, минималната плата беше 8.000 денари и беа потребни 4,5 минимални плати за една потрошувачка кошничка. Сега се потребни 2 минимални плати за 1 потрошувачка кошничка“, потенцираше Претседателот на СДСМ, Димитар Ковачевски, во вечерашното интервју во Тема на денот на телевизија Сител, Во интервјуто, претседателот на СДСМ, Димитар Ковачевски, посочи дека Владата предводена од СДСМ со правилни политики успеа да го надмине ветувањето за просечна плата од 500 евра и денес просечната плата изнесува 650 евра и потенцираше дека Владите предводени од СДСМ ги исполнуваат ветувањата за подобар живот на граѓаните за разлика од ВМРО ДПМНЕ кои лиферуваат лажни прогнози и шират паника.