Centar.mk
БИЗНИС

Русија забрани извоз на бензин

Руската влада планира да воведе привремена забрана за извоз на бензин почнувајќи од 1 март.

Оваа одлука е донесена со цел да се изедначи зголемената побарувачка во пролетната и летната сезона, изјави за ТАСС портпаролот на вицепремиерот Александар Новак.

„Можеме да ја потврдиме оваа информација“, рече портпаролот.

Според ТАСС, оваа одлука е неопходна за да се компензира зголемената побарувачка за време на летните одмори, работата на терен и планираните ремонти во рафинериите.

Ограничувањето нема да важи за земјите-членки на Евроазиската економска унија и за Јужна Осетија, Абхазија, Монголија и Узбекистан.

Можеби ќе ве интересира

ПАДНА ОДЛУКА ВО РКЕ: Дизелот поскапува за 14,5 денари

ДЕСК

Инфлацијата на годишно ниво е 2,9 отсто

ДЕСК

Започна светската криза: цените на нафтата достигнаа 118 долари за барел

C +